Услови за користење
Основни услови за користење: Забрането е спам-ирање. Забрането е користење на прокси листи и прокси скрипти. Забранети се страници за продавање, препродавање, купување или понудување и изнудување на било какви нелегални активности, вклучувајќи пиратерија, дрога, оружје и др. Забранети се порнографски/еротски страници, страници кои содржат линкови кон порнографка содржина и страници кои содржат порнографски реклами. Забранети се страници кои опслужуваат на било кој начин торенти. Забранети се страници кои имаат IRCBots. Забрането е објавување на било кој вид на пораки што претставуваат поттик на омраза и дискриминација на верска или пак расна основа истакнати на веб страните или пак во домените е строго забрането. Забранета е секаква дистрибуција на материјали кои ги прекршуваат авторски права или права на регистрирани знаци е најстрого забранет и корисникот ќе биде отстранет веднаш штом биде забележан од одговорните лица. Компанија Колчкоски ДОО го задржува правото на проверка на содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење има право да ги отстрани сите содржини и материјали или пак да одбие вршење на било какви услуги кон клиентот. Клиентите на Компанија Колчкоски ДОО се согласуваат дека во било кој случај, нема да превземат никакви мерки спрема Компанија Колчкоски ДОО за сите штети настанати поради непочитувањето на овие услови за користење. Дополнителни услови за користење: Компанија Колчкоски ДОО го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на Компанија Колчкоски ДОО се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новите услови. Компанија Колчкоски ДОО има право без претходна најава да ги суспендира, ограничи, исклучи/стопира или отстрани услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на Компанија Колчкоски ДОО или пак постоечките закони на РМ. Компанија Колчкоски ДОО исто така на барање од надлежни Владини служби ќе ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без никакви временски ограничувања, нема да ја сметате Компанија Колчкоски ДОО за одговорна. Во процесот при почетна регистрација и сите останати дополнителни регистрации за користење на услугите на Компанија Колчкоски ДОО, корисникот е должен да достави валидни и точни информации. Доколку постои промена на информациите кои се потребни за регистрација, корисникот е должен навремено ја извести Компанија Колчкоски ДОО. Во спротивно услугите нема да ви бидат достапни или пак постоечките услуги ќе бидат суспендирани на неограничен временски рок определен од Компанија Колчкоски ДОО. По исплаќање на долгот за користење на услугите или по активирање на Вашиот статус како клиент на Компанија Колчкоски ДОО по основа на претходен договор, ќе Ви бидат доставени инструкции за користење на услугите. Инструкциите ќе ги вклучуваат Вашата лозинка и корисничко име. Ваша одговорност е доставените информации да ги чувате како строго доверливи и да не ги споделувате со никого. Вие исто така сте одговорни за сите активности произлезени од тоа корисничко име доколку не се воспостави поинаку. Вие исто така се согласувате да ги известите одговорните служби на Компанија Колчкоски ДОО доколку забележите било какви сомнителни активности, oсобено оние кои ги вклучуваат Вашето корисничко име и лозинка. Компанија Колчкоски ДОО не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најкраток можен временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без негово претходно известување. Како клиент на Компанија Колчкоски ДОО, Вие се согласувате дека нема да доставувате или работите со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови, извршни фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови и материјални средства. Вие исто така се обврзувате дека преку услугите на Компанија Колчкоски ДОО нема да вршите никаков вид на илегална трговија на средства. Како клиент, Вие сте обврзани при поставување на било какви податоци преку услугите на Компанија Колчкоски ДОО, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и притоа истите да ги почитувате. Компанија Колчкоски ДОО го задржува правото да преземе соодветни мерки спрема корисниците кои ќе ги искористат услугите на Компанија Колчкоски ДОО за да дозволат пристап до нелегални содржини. При користењето на услугите на Компанија Колчкоски ДОО се согласувате дека нема да загрозувате или собирате доверливи информации на Компанија Колчкоски ДОО или друго лице или организација. Корисниците се обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на Компанија Колчкоски ДОО, останатите корисници и сите инволвирани страни. Доколку услугите на Компанија Колчкоски ДОО се користат за собирање на информации преку веб страни, корисникот на истите, е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на корисниците на веб страната ќе им биде дадена до знаење. Се согласувате дека нема да ги користите услугите на Компанија Колчкоски ДОО за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови и било каков друг вид на опасен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на Компанија Колчкоски ДОО, клиентите или пак трети лица и организации. Се согласувате дека во никој случај нема да се обидете недозволено да пристапите до доверливи делови и информации на останати корисници на услугите на Компанија Колчкоски ДОО. Се согласувате дека услугите овозможени од Компанија Колчкоски ДОО нема да ги искористите за дистрибуција на несакана електронска пошта или било каков друг сличен материјал. Компанија Колчкоски ДОО го задржува правото без претходно известување, да забрани пристап до е-маил адреси кои нема да ги почитуваат дадените услови за користење. При користењето на нашите услуги, Вие се обврзувате дека во никој случај нема да ги искористите истите за лажни, измамнички и криминални дејствија. Компанија Колчкоски ДОО со цел да им овозможи квалитетни услуги на своите клиенти, обезбедува техничка поддршка 24 часа во денот, 7 дена во неделата. Доставувањето на оваа поддршка е самоиницијативно од страна на Компанија Колчкоски ДОО и притоа не е должна истата да ја доставува 24 часа. Пристапот кон оваа служба за техничка подршка е привилегија, а не право. Со користење на услугите на Компанија Колчкоски ДОО, Вие се согласувате дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, Компанија Колчкоски ДОО нема да го сметате за одговорен и нема да преземете никакви мерки поради евентуално настанатите штети од непочитувањето на овие услови за користење. По истекот на временскиот период за користење на услугите на Компанија Колчкоски ДОО, доколку сакате да го продолжите користењето, плаќањето треба да се изврши до или на денот кога рокот за користењето на услугите истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на услугите, Компанија Колчкоски ДОО без никакво претходно известување ги суспендира или откажува понудените услуги. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци. |